Термини и услови

Оваа интернет страна, со домеин www.makweld.mk, во сопственост Маквелд ДОО, Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.makweld.mk, внимателно да ги прочитате. Маквелд не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.

Општи услови

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Маквелд ДОО не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Маквелд ДОО и се заштитени со авторско право и сродните права. Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите. За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот. Маквелд го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога: – Постои ризик од губење на битни информации при преводот – Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

Услови и правила за купување

Цените на сите производи на www.makweld.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Маквелд ДОО Скопје го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. За купување на производи преку www.makweld.mk важат редовните малопродажни цени. Количините на производите се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Маквелд ДОО. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Маквелд ДОО има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот +38923173058 – кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:30 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail info@makweld.mk

Политика на испорака на производи

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 48 часа од моментот на потврдa на нарачката. Во согласност со нашите можности, прoизводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Маквелд ДОО Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници. Испорака не се врши во петок по 15 часот, во сабота, недела и на државни празници. Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна следниот работен ден и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 15 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш со повик на телефонскиот број 023 173 058 или по пат на e-mail info@makweld.mk, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот. Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Маквелд ДОО Скопје не може да превземе никаква одговорност

Прием на производи

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда или се превземаат од локалната база на Карго Експрес. Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени

Враќање и замена на производи

Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ. КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА Makveld DOO, СКОПЈЕ И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Детални совети и најчести прашања за правилата на купување

Што претставуваат правила на купување и како ми помагаат при изборот?

Правила на купување се насоки кои ги дефинираат условите за купување, испорака, повраток на производи и поддршка на корисници, што обезбедува безбеден и транспарентен процес при купување. Тие го штитат вашиот интерес и ви овозможуваат да ги знаете вашите права и обврски.

Кога ги разгледувате условите за купување, обрнете внимание на следново:

  • Проверете ги цените и дали вклучуваат сите трошоци.
  • Разберете ја политиката на испорака, особено роковите и географскиот обем.
  • Информирајте се за процедурата за повраток на производи, вклучувајќи ги условите и времето за враќање.
  • Искористете ја поддршката на корисници за дополнителни прашања или проблеми.

Следејќи ги правилата на купување ќе направите сигурен избор и ќе ја подобрите вашата куповна искуство.

Накратко

Маквелд ДОО Скопје обезбедува правила и услови за купување преку www.makweld.mk, вклучувајќи испорака на производи на територијата на Македонија и право за враќање во 7 дена. Целосната политика за купување, испорака, поддршка и повраток може да се најде на нивната официјална интернет страница.

Често поставувани прашања

Кои се основните услови за купување на www.makweld.mk?

Корисникот се согласува со условите објавени на сајтот и прифатените цени, при што може да откаже или корегира нарачка пред плаќањето. Цените се во денари со ДДВ и можат да се променат без претходно известување.

Каде се врши испораката на производите од Маквелд?

Испораката се врши само на територијата на Република Македонија до адресата наведена при нарачката, а времето за испорака е обично до 48 часа по потврда на нарачката.

Какви се правата за враќање и замена на производи?

Купувачот има право да врати производ во рок од 7 дена од испораката, ако е неискористен, неотпакуван и со сите оригинални етикети. Производи може да се заменат по закон доколку не одговараат по форма, големина или модел.

Како можам да добијам поддршка при купување на сајтот Маквелд?

Можете да контактирате по телефон +38923173058 во работното време или 24/7 преку e-mail info@makweld.mk за информации и помош при интернет продажба.

Што треба да направам ако примам оштетен производ?

При примопредавањето треба да го проверите производот и да пријавите веднаш на телефонски број 023 173 058 или e-mail info@makweld.mk, за компанијата да превземе мерки и да ги покрие трошоците за замена.