Makweld Pal+ е нашата програма за лојалност создадена за една единствена цел, да го подобри купувачкото искуство и да ви овозможи повеќе бенефиции и поволности во исто време, како што се: пазарење по Pal+ цени, собирање на поени, користење на вредносни ваучери, промоции и многу други поволности.

Зачленете се во неколку лесни чекори на следниот линк станете и вие дел од нашето Pal+ семејство!

Нивоа на програмата:

Makweld Pal+ програмата или 3 нивоа, каков тип на Makweld пријател си ти?

  • Enthusiast
    За оние кои знаат да поправат се по дома!
  • Handyman
    За поискусните и похрабрите!
  • Master
    За вистинските професионалци!


Со право да станете член на повисоките нивоа на Makweld Pal+ се стекнувате доколку во текот на годината направите вкупен промет на 30,000 денари. Со стекнувањето на повисоко ниво на членство добивате повисоки бенефиции и поволности.

  1. Стекнување на поени
  2. Со зачленување во програмата за лојалност се стекнувате со право да добивате поени при купувањето на веб страницата на Маквелд ДОО.

    Членовите на програмата стекнуваат право да добијат 1 поен за секој 1 денар потрошен на веб страницата на Маквелд ДОО за купување на производи кои се квалификуваат за стекнување на поени. Поените ќе бидат евидентирани на сметката за членство во програмата на датумот на купување на производот/ите и се валидни од моментот на купување.

  3. Напредно членство
  4. Во зависност од вкупно направениот промет добивате различен ранг во програмата за лојалност: Enthusiast (Домаќин), Handyman (Вешт работник), Master (Мајстор)

    Доколку имате направено промет до 30,000 денари тогаш сте во рангот Enthusiast каде што за 1 денар добивате 1 поен. Доколку сте во вториот ранг Handyman тогаш за 1 денар, добивате 1.1 поен. Доколку сте во третиот ранг MASTER тогаш за 1 денар добивате 1.25 поени. Вреднувањата се прикажани во табела:

    од до Ранг Вредност на 1 поен во денари
    0 30.000 ENTHUSIAST 1 денар = 1 поен
    30,001 100,000 HANDYMAN PLUS 10% 1 денар = 1.1 поен
    100,001 MASTER PLUS 25% 1 денар = 1.25 поен
  5. Искористување на поени
  6. За секои стекнати 10,000 поени добивате 1 вредносен ваучер кој може да се искористи како попуст на производи од вредноста на направена сметка. За секоја натамошна продажба вредноста на ваучерот кој се користи зависи од направениот промет како што е дадено во табелата.

    од до вредност на 1 ВАУЧЕР во денари
    0 10,000 200
    10,001 50,000 400
    50,001 100,000 600
    100,001 800

    Вредносниот ваучер може да биде искористен само во периодот на неговата важност.
    Вредносните ваучери имаат рок на важност 365 дена од датумот на издавање.

    Со секое издавање на вредносен ваучер се одземаат 10,000 поени од вашата сметкa на програмата.

  7. Сторнирање на доделените поени и вредносните ваучери
  8. Во согласност на законските прописи, доколку одлучите да вратите производ за чие купување биле доделени поени тие ќе бидат сторнирани, односно ќе се третираат како невалидни.

    Во согласност на законските прописи, доколку одлучите да вратите производ за чие купување ви бил одобрен попуст, врз основа на искористен ваучер, искористениот вредносен ваучер останува со рок на важност се до датумот на неговиот оригинален рок на важност. Во случаите во кои врз основа на искористен вредносен ваучер бил одобрен попуст на повеќе од еден производ, при враќањето на дел од производите во согласност со законските прописи искористениот ваучер ја губи својата важност, односно станува невалиден.

  9. Откажување на членство
  10. Членството во програмата можете да го откажете во кое било време со поднесување на апликација за откажување на членство во Makweld Pal+. Доколку во моментот на откажување на членството на вашата сметка за има помалку од ? поени, истите ја губат својата важност.

    *Со зачленувањето во Makweld Pal+ програмата добивате картичка за лојалност која ќе служи како ваше средство за идентификација при користењето на сите бенефиции и поволности кои следуваат со неа.

Аплицирај за дистрибутер